Општина Ѓорче Петров ќе донира парични средства за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија
Oпштина Ѓорче Петров во наредните денови ќе обезбеди парични средства за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
На иницијатива на градоначалникот Александар Стојкоски, а во координација со претседателот на советот Ленче Нелоска, во текот на оваа седмица ќе се одржи вонредна седница на Советот на општина Ѓорче Петров на која на дневен ред ќе биде одлука за обезбедување средства од буџетот.
Општина Ѓорче Петров упатува искрено сочувство до турскиот и сиријскиот народ за загубата на човечките животи.
07.02.2023 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа