Општина Аеродром: Град Скопје и „Комунална Хигиена“ итно да изнајдат решение за собирање на сметот во Аеродром

 

Општина Аеродром бара од Град Скопје и Комунална Хигиена веднаш да го решат проблемот и да почнат да го собираат сметот во општината.

-Обврска и одговорност на секој менаџер, вклучително на директорите на јавните претпријатија и градоначалникот на Град Скопје е да воспостават и одржуваат систем за соодветно менаџирање на ресурсите со кои располагаат и на таков начин да обезбедат квалитетна услуга за граѓаните. Чистотата, јавната хигиена и одржување на здрава животна средина е јавен интерес од кој сите имаме бенефит, велат од општината.

Според Аеродром, делот на хигиената во Скопје кој е во надлежност на градските служби подолг временски период е во лоша состојба, а како што велат, изминатите неколку денови, за жал градското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ не успеа да најде начин како да го менаџира системот на одржување на чистата животна средина.

-Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните ја трпиме штетата од, неумесното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие. Преполните контејнери смет и лошиот мирис кој се шири во општината е одговорност на Градот Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Граѓаните одговорно и навремено ја плаќаат комунална такса и тие заслужуваат чиста и средена општина. Токму поради тоа апелираме до надлежните, да ја тргнат политиката на страна и итно да изнајдат соодветно решение за собирање на сметот во  општина Аеродром, се вели во дописот.

09.07.2023 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега