„Оперирал“ во Тетово, продавал во Џепчиште - полицијата фати тежок крадец
25-годишен крадец е фатен вчера во Тетово. Како што соопшти МВР, тој „оперирал“ во градот, но украдените предмети ги продавал во Џепчиште.
-Вчера во 15.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(25) од Тетово поради сомнение дека во претходниот период извршил повеќе кривични дела „тешки кражби” на подрачјето на СВР Тетово. Одземените предмети биле пронајдени кај него и кај други лица од с.Џепчиште, тетовско, на кои им ги продавал, и ќе бидат вратени на сопствениците. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа