Одѕивот во Скопје поголем од минатите претседателски избори - најголема излезност во Карпош

Најголема излезност до 13 часот во Скопје има во општина Карпош каде правото на глас го искористиле 34,63% од гласачите.

Споредбата на излезноста со минатите претседателски избори во 2019 година покажува дека раст на излезноста има во сите скопски општини. Најголем раст има во Чаир. Таму во 2019 година на гласање до 13 часот излегле 11,51%, додека денеска излезноста е 20,50%.

24.04.2024 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега