Од полноќ нови цени: Значително поскапување на дизелот

 

Од полноќ горивата поскапуваат од половина до денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, еуросупер БС-98 поскапува за еден денар, а цената на дизелот се зголемува за денар и половина.

 

Според тоа, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 81 денар, еуросупер БС-98 ќе чини 83,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 79,5 денари.

За половина денар од ноќеска на полноќ се намалува цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од ќе се продава по цена од 76,5 денари за литар.

Во последните месец дена, цената на горивата се згоелми за околу 8 денари по литар.

12.02.2024 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега