Од денеска до четврток периодично затворена за сообраќај делницата Велес - Градско

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско, од денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, информираат од Авто-Мото Сојуз на Македонија (АМСМ).

Како што посочуваат од АМСМ, додека од утре до четврток делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

15.01.2024 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега