Објавени фотографии од автомобилот со кој бегале напаѓачите во Москва и од едниот наводен терорист

 

Русија уапси 11 лица, вклучително и четворица осомничени напаѓачи, во врска со пукањето во кое загинаа најмалку 93 лица во концертна сала во Москва, соопшти Кремљ.

Кремљ соопшти дека шефот за безбедност на ФСБ Александар Бортников го информирал претседателот Владимир Путин дека меѓу уапсените има и „четворица терористи“ и дека службата работи на идентификување на инволвираните.

Рускиот истражен комитет соопшти дека бројот на загинати се искачи на 93 во нападот во кој вооружени лица во маскирна облека отворија оган со автоматско оружје врз посетителите на концертот во близина на главниот град во петокот.

Сликата од автомобилот руските власти ја објавија синоќа, беше и на потерница, а утрово медиумите го објавија истиот автомобил, тврдејќи дека во него се уапсени терористи. Но, сликата на наводниот напаѓач не е потврдена, таа кружи на социјалните мрежи, а засега нема потврда дека навистина се работи за уапсен терорист.

 
23.03.2024 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега