Обилни врнежи од снег во делови од Македонија: Воведени забрани за сообраќај

 


Поради врнежи од снег, денеска од 10 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец село Узем - Граничен премин Деве Баир, соопшти ЈП „Македонијапат“.

АМСМ информира дека поради обилни врнежи од снег од 9:55 часот на патот Крива Паланка кон Деве Баир е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила.

Од 9:15 часот на патниот правец Битола – Ресен кај превој „Ѓавато“ и обратно, престанува забраната за одвивање на сообраќај за тешки товарни возила. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

25.12.2024 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега