Новиот газда на Вардар од Унгарија: Ајде да го направиме клубот повторно голем

 

Фудбалскиот клуб Вардар и официјално има нов сопственик од Унгарија.

Во објава на клубот се потврдени претходните пишувања дека преземени се 85% од акциите на фудбалскиот клуб АД ФК Вардар-Скопје, со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.

Како нов сопственик стои името на Атила Бижен Жалили.

Новиот управител на „црвено-црните“ истакна дека наскоро ќе има брза финансиска, организациона и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во Македонија.

„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7.10.2024 година, според претходно потпишан договор, 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје се преземени со управувачкиот пакет на компанијата. Со нашето повеќегодишно искуство во менаџирање на фудбалски гиганти и соработка со десетици познати фудбалски клубови во Европа, ние ќе овозможиме брза финансиска, организациона и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во Македонија. Во изминатите неколку години, како дополнување на нашите бизниси кои ги имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од Централна Европа или Балканот. Имавме неколку опции. Но благодарение на презентацијата и аргументите кои ни ги даде г-дин Миленко Неделковски, се решивме за најголемиот спортски бренд во Македонија. Ајде да го направиме Вардар повторно голем“, стои во изјавата на новиот сопственик на Вардар.

11.10.2024 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега