Новинар и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен уредник на телевизијата на владиката Петар

 

Главен уредник на новата скопска телевизија чиј сопственик е владиката Петар, ќе биде новинарот и поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола, Благој Шаклевски, пренесува порталот „А1он“.

Шаклевски долги години работел во ТВ Тера во Битола, а бил и портпарол на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде уредник на телевизија „Вистел“.

„Правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје на 17 март 2023 година до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги достави Решение за основање на Трговско радиодифузно друштво во соодветниот регистар во Централен Регистар на РСМ со назив ТРД ВИСТЕЛ ДООЕЛ Скопје, по што Агенцијата, согласно член 77 став 2 од ЗААВМУ, на 23 март 2023 година му издаде дозвола за телевизиско емитување на ТРД ВИСТЕЛ ДООЕЛ Скопје“, изјавиле за „А1он“ од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

24.04.2023 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега