Нова функција за Павле Трајанов
Владата распредели нови позиции, па така повеќе истакнати имиња кои го поддржуваат владејачкото мнозинство добија свои позиции.
Влатко Ѓорчев национален координатoр за демографија, млади и човечки ресурси. За многумина ваквиот потег е очекуван бидејќи токму Ѓорчев години наназад меѓу главните промотори на политиките за зголемување на наталитетот во земјата и имиње на многудетни семејства, како што има и самиот тој.
Лилјана Затуроска ќе биде нов национален координатор за локална самоуправа.
Павле Трајанов од Демократски сојуз беше назначен за национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот
Истакнатата професорка Солза Грчева беше назначена за национален координатор за реформи во високото образование
Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии
Укината е позицијата национален координатор за кохезија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ става фокус на главните прашања, па затоа целта е да се обрне внимание и ваквите ресори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа