Нов ужас на пешачки во Скопје: Прегазена жена и дете

 


Попладнево, на булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2, на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол, се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа прегазени жена и дете на пешачки премин. Според информации добиени од очевидци, инцидентот се случил кога возачот изгубил контрола и ги удрил пешаците кои се движеле на преминот пренесе Канал5.

Жената била однесена со автомобил во тешка состојба, додека детето, кое исто така било сериозно повредено, лежело на тревникот до патот. Очевидците веднаш повикале итна помош и наскоро пристигнале две возила на Итната помош, кои ги пренеле повредените во Градската болница. Според првичните информации, детето имало повреда на рбетот и поради сериозноста на повредата, било веднаш пренесено на понатамошно лекување.

Полициските служби од МВР извршиле увид на терен и преземаат мерки за утврдување на сите околности на несреќата.

24.03.2025 - 16:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега