Герасимовски: Родителите да бидат спокојни, безбедноста во училиштата и градинките е на високо ниво

 


„Минатата недела остварив средба со директорките за да ги увидиме сите работи во училиштата. Тие се на високо ниво. Минатата година, Црвениот крст направи обуки за евакуација на наставниот и стручниот кадар, а сега дополнително се прават обуки и за евакуација на учениците. Проверени се сите хидранти, ПП апарати, дополнително и електричната инсталација во самите училишта со цел нашите деца да бидат што побезбедни. Можат да бидат спокојни родителите, затоа што грижата е на највисоко ниво и самата безбедност во нашите училишта и градинки “. Ова го потенцираше градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител.

Герасимовски истакна дека сите заеднички мора да придонесеме за системот да функционира. 

„Наоѓаме забелешки или често сретнуваме по социјални мрежи кадешто дел од жителите сликаат и се пожалуваат, ги повикувам да пријавуваат. Имаме телефонски броеви и за хигиена и за електрична енергија, општината е отворена секој вторник и четврток за граѓаните, за било какви потреби на граѓаните. Јас сум достапен за секого и мојот телефонски број е секогаш достапен до сите.  Добро е да ја развиеме на повисоко ниво културата во делот на сообраќајот, во делот на паркирањето го вперуваме прстот сегде, но не во нас, а дел од жителите ги користат своите пакинг места или гаражи за чување на зимница, а колите ги ставаат пред гаражите или на самата улица. Говориме за пристап на противпожарни единици, за брза помош, а самите не водиме грижа. За жал, имаме проблем на пример со паркирањето во Зелениот пазар, кадешто најбучни се оние коишто ги издаваат своите паркинг места на пазарџиите. Може да замислите, значи нашата несовеснот не доведува до сево ова. Законот за легализација, кадешто имаме проблем со одредени тесни улици во одредени центарски маала, каде што секој си ја пуштил куќата уште пола метро и ја узурпирале улицата којашто сега неможе да се корегира. Зборуваме за подобра урбанизација, а оние коишто се најбучни, кога доаѓаат на јавни анкети ги прекршуваат барањата со непочитување на 20 посто зеленило. Секој бара нешто дополнително, дали квадрат, дали спрат или слично и таа негрижа којашто ја имаме сите заедно доведува до ваков систем во којшто живееме сите денеска“, рече Герасимовски. 

26.03.2025 - 10:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега