Утре е Видовден- еве што треба да направите според обичаите
Утре Српската православна црква го празнува Видовден.
Еден од одбичаите денес е да станете рано, да се погледне кон сонцето и да кажете „Еј виде виде, дај ми вид додека сум жив„
На овој ден не се работи на нива зошто се верува дека плодовите ќе се исушат, а исто така се пробува и грозје.
Се започнува со рачна работа како што се на пример: плетење или везење, а девојките кои не се мажени наутро треба да се измијат со вода во која птетходно стопело цвеќе.
Ако е времето убаво и ведро, треба да се изнесат сите алишта надвор и да се проветрат, за да се наполнат со добра енергија, а доколку е облачно треба да се прекрстите гледајќи кон облаците, за да може дождот кој ќе падне да биде добар за сите плодови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа