Норвешкиот премиер: Нема корист од високите цени на гасот во Европа

Норвешките енергетски компании веројатно ќе склучат уште долгорочни договори за продажба на гас на европските потрошувачи, на што ги поттикнува владата, кажа норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе за Ројтерс. „Веројатно ќе има уште преговори за такви договори“, кажа норвешкиот премиер.

Зборувајќи еден ден откако Европската Унија ги ограничи цените на гсот. Сторе кажа дека норвешкиот течен природен гас повеќе ќе се извезува надвор од Европа поради таа одлука на државите членки на ЕУ. Норвешка во изминатата година ја помина Русија и стана најголемиот европски снабдувач со гас. Државната компанија Еквинор е најголемиот извозник во ЕУ.

„Норвешка нема корист од високите и нестабилни цени на гасот во Европа“, кажа норвешкиот премиер. „Тоа се одразува на нашите цени на енергијата и е предизвик за нашите домаќинства и претпријатија, но и за мене политички“, додаде.

Министрите за енергетика на државите членки на ЕУ договорија механизам за ограничување на цените на гасот кој се активира кога цената ќе достигне 180 евра по мегават час и 35 евра над референтната цена на течниот гас во период од три последователни дена. Механизмот ќе може да се активира од 15 февруари следната година.

20.12.2022 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега