Кина возвраќа: Царини од 84% на увоз од САД
Кинеското Министерство за финансии денеска објави дека ги зголемува царините за увоз од САД од 34 на 84 отсто, како одмазда за давачката што ја воведе Вашингтон на нејзиниот извоз.
Претходно денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави дека Кина ќе продолжи да презема решителни и силни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси.
Тој посочи дека Кина нема да дозволи никој да го лиши кинескиот народ од неговото легитимно право на развој, како и дека нема да дозволи штета на кинеските интереси, објави „Глобал тајмс“.
Денеска стапија во сила новите царини што САД им ги воведуваат на земјите во светот, вклучително и онаа од 104 отсто за Кина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа