Нормализиран сообраќајот кај Тркање по тешката несреќа со двајца загинати
Нормализиран е сообраќајот кај кочанското село Тркање, во близина на бензинска пупма „Лукоил”, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот беше во прекин по тешката сообраќајна несреќа околу 14 часот на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање, во која загинаа две лица.
СВР Штип информираше дека во несреќата учествувале две патнички возила, „фолксваген“ и „пежо“, со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата.
Според првичните сознанија од терен, дошло до директен судир на автомобилите, при што кај едното возило избувнал пожар и тоа целосно изгорело
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа