Карамел торта

 

Деншниот предлог за десерт ни е Карамел торта, еве се што ви  е потребно:

Состојки: 

Бисквите 500 - 600 грама 

3-4 лажици слатко или мармалад од портокал

2-3 лажици мармалад од кајсија

100 грама посно чоколадо

Фил: 

400 грама шеќер

5-6 лажици млеко во прав 

1л. вода 

3 пудинга од ванила

200 грама маргарин

1 ванилин шеќер

200 грама хопла (блага посна)

2- 3 супени лажици нес-кафе во 1 чаша млака вода

Подготовка:

Прво се прави кремот: на страна се подготвува 1 л. врела вода со разматено млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пења, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па да се продолжи. За да се стопат сите грутки од шеќерот треба млекото со карамелот да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода). Потоа пак се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта (ако кремот излезе помек, не треба да се додава целата количина халта, туку само лажица-две за вкус, а останатото може да се искористи за украс).
Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се подгрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна уедначена смеса. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира.
Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура.
Тортата треба да отстои една ноќ во фрижидер.

Извор: Попара

 

 

25.06.2014 - 16:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега