Billy Idol во петок ќе пее пред скопјани
Долгонајавуваниот концерт на Billy Idol ќе се одржи овој петок (27-ми јуни) на Скопското Кале на отворено.
По 4 години, Били Ајдол во рамките на неговата европска Greatest Hits турнеја, за македонските обожаватели ќе приреди уште еден целовечерен концерт. Неговиот бенд ќе биде придружуван и од генијалниот гитарист Steve Stevens.
Влезниците за еден од најенергичните, најдобрите и успешни изведувачи кои некогаш ги видела Македонија, а со сигурност единствениот концерт од светски калибар периодов кај нас, се во продажба од 12 март во мрежата на “Купи карти за се“, по цена од 1000 денари, со дополнителни вип и фан пит влезници во ограничен број.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа