Зошто не треба да ги броите калориите?

 

1. Се доведувате до заблуда

Мислите дека 1500 калории од слатки се многу поразлични од 1500 калории во здравата храна? Прва грешка! Ако сте сконцентрирани на бројката, а не на храната која ја јадете лесно може да се доведете до заблуда.

2. Никогаш нема да го пресметате точниот број

Многу е тешко секоја калорија да ја запишете или запаметите, ниту пак можете да знаете дали бананата која сте ја изеле има 100 или 90 калории.

3. Немате доволно информации за хранливите материи

Броењето на калории не ви дава информација за тоа колку е хранливо тоа што го јадете, па ако јадете нискокалорична храна големи се шансите да ви недостасуваат витамини и минерали. Јаболкото и колачето можеби имаат ист број на калории, но витаминската вредност е далеку поразлична.

4. На секој човек му е потребен различен број на калории

Можеби се чувствувате добро ако мирувате и внесувате по 1300 калории дневно, но ако сте активни потребни ви се најмалку 2000. Не постои магичен број на калории заради кој ќе изгубите неколку килограми, затоа сконцентрирајте се на поважните работи.

5. Не се потпирајте на пишаните информации

Дали знаевте дека произведувачите на здравите производи никогаш не пишуваат 100% вистина на амбалажата од производот? Всушност, тие го практикуваат методот на заокружување на бројките.

6. Може лесно да се опседнете

Многу луѓе кои држеле диета со броење на калориите на крајот се борат со враќање во психичка нормала, што во ниту еден случај не е здраво.

7. Не постои храна која нема калории

Ако ги броите, ова може да ви биде само уште едно обесхрабрување. Секогаш имајте на ум дека кога им робувате на бројките, пропуштате многу попотребни витамини и минерали.

Извор: Црно Бело

23.06.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега