Ммммм...Бифтек во сос од домати
Направете за ручек бифтек во сос од домати, еве што вие потребно.
Состојки
4 шницли од бифтек по 200 грама
лажица масло
30 грама путер
сол
бибер
Состјки за сос:
4 мали домати (сецкани)
30 грама путер
сол
лук и кромид (во парв)
риган
шеќер
100 грама павлака
Подготовка:
Шницлите премачкајте ги со масло, па пржете ги на тава од двете страни по три-четири минути. Потоа додадете путер, додадете сол и бибер и оставете уште малку на загреаната тава. Кога ќе го извадите бифтекот, во сосот од пржење на месото, додадете путер за сос и домати веќе исецкани и исцедени. Зачинете со сол, лук и кромид во прав, риган и со малку шеќер. Додадете ја и павлаката, па поклопено динстајте четири минути. По потреба додадете уште зачини. Бифтекот сервирајте го со сос и украсете по желба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа