ФОТО: Нова надеж за лекување на ќелавост- конечно пронајден лек

 

Конечно пронајден лек за сите оние кои имаат проблеми со косата. Нив најмногу ќе ги израдува веста дека на млад човек од Конектикат по осуммесечен  третман му израснала бујна коса.

Брет А. Кинг е името на дерматологот кој излекувал едно 25 годишно момче.

 

Процесот на лекување, започнал кога дерматологот Кинг почнал да му дава на момчето лек за ревматоиден артритис на Универзитетот Јеил.

Со земањето на лекот на пациентот почнала да му расте косата.

Досега немало никаков лек или третман за лекување на оваа ретка болеса на губење на косата.

Ова е чекор што оди во вистинската насока, но Кинг и неговите колеги се уште не се подготвени да прогласат победа. Наместо тоа, тие велат дека резултатите се ветувачки.

„Ова е многу возбудливо. Ова значи дека луѓето, на кои им било кажано дека не постои решение, можеби сега имаат едно”, вели д-р Кинг.

Лекарот рече дека следниот чекор е одобрение за локална примена на лекот и дека ќе треба да се изврши една поголема студија.

 

Оваа вест од Универзитетот Јеил влеа нов оптимизам кај заболните луѓе и истражувачи.

20.06.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега