Жељко Јоксимовиќ ќе го поремети сообраќајот во Скопје
За викендов кој следи има најава за два настани кои ќе влијаат на одвивањето на сообраќајот во Скопје.
Првиот настан е концертот на Жељко Јоксимовиќ закажан за в сабота на 21 јуни со почеток во 21 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“, поради кој сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Исто така, во рамките на одбележувањето на „Недела за поголема безбедност на мотоциклистите“, во недела на 22 јуни ќе се одржи дефиле на кое ќе учествуваат голем број возачи на мопеди и мотоцикли од целиот град.
Стартот на ова дефиле ќе биде во 10 часот на плоштадот „Македонија“ од каде по сообраќајниците низ општините Карпош, Центар и Аеродром учесниците на дефилето ќе се движат во услови на затворен сообраќај, односно од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат соодветни мерки за сообраќајно обезбедување при што ќе се обезбеди приоритет на минување на учесниците во дефилето на сите крстосници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа