Банани во карамела
Десертот е магичен дел од секој оброк. Пробајте го ова вкусно благо јадење и внимавајте да не станете зависни од неговиот мирис и вкус
Растопете 100 грама путер во поголем сад на умерена температура. Постепено додавајте 200 грама шеќер константно мешајќи додека шеќерот не се стопли односно смесата да добие светло кафеава боја. Потоа постепено додавајте 220 милилитри слатка павлака.
Оставете ја смесата да врие не повеќе од 1 минута, а потоа намалете ја температурата. Додајте 4 банани исечени на тркалца и гответе уште 2 минути. Наш совет: послужете го топло.
19.06.2014 - 14:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа