Рецепт: Пригответе вкусна пастрмка
Како да приготвите вкусна пастрмка, еве што вие потребно
Сотојки:
3 парчиња пастрмка (околу 900 грама)
сол по вкус
3 лажици сув мешан зачин
50 грама брашно
1 дл. сончогледово масло
сок од лимон
За декодирање:
По желба ( во овој случај тоа е лимон, портокал, зелена салата, краставица, пиперка )
Подготовка:
Три парчиња пастрмка претходно се чистат, доколку купите свежа пастрмка. Постапката на чистење е: исечете ја вдолж стомачниот дел по целата должина од опашката до главата и извадете ја целата изнутрица, исто така е важно да ги отстраните крлушките од главата, за да подоцна во тек на пржењето, пастрмката не добие горчлив вкус.
Потоа добро измијте ја со вода. Исцедете ја. Рибата посолете ја по вкус, но не премногу, бидејки во секоја риба ќе ставите мала лажичка зачин или вегета, распоредете по внатрешноста, но пазете во тек на пржењето да не истече содржината, рибата вртете ја внимателно најдобро со метална штипка за скара.
Потоа секоја риба свалкајте ја од двете страни во брашно, и пржете на загреано масло ( проверете со трошка брашно, дали е маслото згреано, бидејки е важно да не ја спуштите рибата во ладно или недоволно загреано масло ).
За да се избегне симнувањето на кожата или кршење на рибата воо тек на пржењето, пржете ја на умерена температура, прво да добие коричка и порумени од едната страна, па дури потоа свртете ја да се пржи од другата, бидејки во спротивно рибата ќе се распадне.
Вкупното време на пржење е околу 20 минути.
Имајте добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа