Седници на три собраниски комисии
Комисиите за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на Предлог-одлука за именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и на Предлог-одлука за именување на член и заменик член на Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката.
Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, на Законот за здравственото осигурување и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите во прво читање.