Жерновски: Не го давам ГТЦ

 
Градскиот Трговски Центар неможе да се облече во ново бакарно руво без дозвола на Општина Центар, рече денеска градоначалникот на општината Андреј Жерновски.
 
“Не можат да влезат во ГТЦ и доколку го направат тоа ќе бидат санкционирани од општинските инспектори. Ослободувањето на Мирослав Шиповиќ, претседателот на Советот на општина Центар ќе ни овозможи да го реализираме она за што нè избраа граѓаните. Ова овозможува Советот на општина Центар да работи нормално”, рече градоначалникот Жерновски.
 
Инцијативата за спорните ДУП-ови е по предлог на советниците,а Проектот Скопје 2014 е стопиран и веќе не може да се поставуваат нови објекти, смета тој.
 
“Додека сум јас градоначалник и оваа коалиција има мнозинство во Советот, нема да дозволиме поставување на нови објекти од Скопје 2014та. Гледаме дека сега се поставуваат споменици во друга општина во Скопје. Што се однесува до фасадите – ингеренцијата и’ е одземена на општината со измените во Законот за градење. Поднесовме иницијатива до Уставен Суд на РМ, но од таму до овој момент нема ништо. Претходното раководство изгласа и одобри поставување на новата фонтана на плоштадот Македонија”, рече Жерновски.
 
Што се однесува до дислоцирање на спомениците мора да се спроведе референдум некаде наесен, но претходно најави Жерновски, ќе се испита јавното мислење на граѓаните во Центар.
 
“Во Македонија немаме искуство со референдуми, нешто што е сосема нормално во западните земји. Таму граѓаните се прашуваат и одлучуваат за сè. Граѓаните на Центар не беа прашани дали сакаат споменици во Центар, но сега ќе ги прашаме што сакаат да правиме понатаму со спомениците. Се надевам централната власт нема да нè опструира”, изјави градоначалникот на Центар, Жерновски.
18.06.2014 - 23:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега