Се реконструира патот Волково-Орман
Почнаа градежните работи на локалниот пат кој ги поврзува селата Волково и Орман во општина Ѓорче Петров. Градежните работи, кои ги изведува АД „Карпош“–Скопје, ќе траат до крајот на август.
Со новиот проект, патот ќе биде долг 2.040, а широк 5,5 метри. Ќе има тротоар од 1,5 метри на левата страна на патот, од Волково кон Орман. Ќе биде поставено и ново улично осветлување.
Средствата во висина од 20 милиони денари се обезбедени од буџетoт на општината.
18.06.2014 - 15:49
Фото:
лидер
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа