Крокети од компир

 

Одлично јадење кое брзо се подготвува и ќе ве држи сити. Што е најважно сите ќе го обожаваат

За подготовка на овие крокети најпрвин ви се потребни 3 сварени компири кои ги гмечите како за пире. Ги оставате да се оладат, им додавате едно јајце, малку путер, сол и зачини по желба. Целата смеса ја замешувате и со додавање на малку брашно добивате меко тесто кое не треба да се лепи за прстите.

 

Смесата ја делите на осум дела, кои понатаму ги обликувате во саканата форма. Можете да ги послужите со различни сосови и крем или свежи салати.

18.06.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа