Бајадера со ванила и лешници

 

Направете вкусна бајадера со ванила и лешници, еве што ви е потребно.

Состојки:

* 100гр путер

* 50гр шеќер

* 2 лажици какао

* 250гр мелени бисквити

* 100гр сецкани лешници

* 50гр сок од портокал

* 400мл млеко

* 1 кесичка пудинг од ванила

* 2 лажици шеќер

* 50гр путер

ЗА ФИЛОТ:

* 100гр чоколадо

* 30гр путер

*малку вода

Подготовка:

  • Изматете ги пенасто путерот и шеќерот. Додадете ги мелените бисквити, лешниците, какаото и сокот од портокал, а потоа се убаво измешајте.
  • Калапот обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата.
  • Пудингот измешајте го со малку млеко и ставете го да се вари со останатото млеко и шеќерот.
  • Во изладениот пудинг додадете го путерот и добро изматете.
  • Намачкајте го пудингот врз смесата од бисквити и полиете го со филот од чоколадо ( на пареа растопено чоколадо, путер и малку вода).
  • Бајадерата исечете ја на коцки.
18.06.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа