Петмина повредени во страотни несреќи во Скопје
Во изминатото деноноќие на скопските улици се случиле седум сообраќајни незгоди. Четири од несреќите се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило.
Се случиле и две страотни несреќи со последица тешка телесна повреда. Првата се случила во 10:50 часот на ул. „11 Октомври“ во која учествувал автобус на ЈСП„Скопје“, управуван од скопјанец и патник кој се превезувал во автобусот. При нагло запирање патникот паднал и со возило на Брза помош пренесен е во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде стручни лица констатирале тешки телесни повреди.
Втората несреќа се случила на ул. „Индира Ганди“ во која учествувале автомобил „фиат“ со штипски регистарски таблички и автомобил „ауди“ со скопски регистарски таблички, управуван од скопјанец. Во несреќата со тешки повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди се здобиле две лица.
На скопските улици вчера се случиле уште осум незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Сообраќајната полиција вчера казнила седум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, двајца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата и осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со специјалното возило „пајак“биле отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа