Покажете се во кујната- подгответе Лахмаџун

 

Ако досега сте немале прилика да пробате турска пица, позната како лахмаџун, време е да го сторите тоа.

Еве уште подобра идеја како да се искористи убавото време - поканете го друштвото и покажете се како вистински експерт во кујна.

Подготовката на пицата е брза и едноставна, а во исто време е толку свежа, некалорична и вкусна.

Ако се решите да пробате нешто ново, ова е рецептот:

Состојки:

За тесто:

350g брашно

1 кесичка квасец

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

200 ml млака вода

2 големи лажици маслиново масло

За фил:

1 кромид

1 црвена пиперка

2 лажички сос од домати

250 грама мелено месо

1 лажичка магданос

Сол и бибер

Начинот на подготовка е следниот:

Сите состојки што ви се потребни за тестото ќе ги ставите во еден длабок сад, убаво ќе ги измешате и ќе го оставите тестото да отстои 40 минути.

Кромидот и пиперката ситно исечкајте ги или уште подобро измелете ги. Додадете ги доматите, солта, магдоносот, биберот и убаво измешајте.

Сите состојки измешајте ги и пропржете ги заедно со меленото месо, околу 10-тина минути.

Подготете 2 тепсии со хартија за печење на нив. Ставете малку брашно на работната маса, поделете го тестото на 2 еднакви дела и растегнете ги во кружна форма. Врз тестата нанесете го филот.

Рерната вклучете ја на 220 степени и печете од 8 до 10 минути.

Откако ќе се испече тестото, пресечете го лахмаџунот и врз секое делче сервирајте зелена салата, исцедете малку свеж лимон, а може и да ги свиткате парчињата во ролна.

Извор: Црно Бело

 

09.06.2014 - 13:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа