Градинката „Корчагин“ повторно отворена за децата

 

Стотина деца од  денеска повторно се згрижени во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“.

- Сите родители се известени дека се создадени услови за сместување на децата. Општина Центар ги санираше штетите од поплавата, ги обнови плочките и создаде услови децата повторно да се вратат, како што беше договрено на средбата на родителите, персоналот и градоначалникот Андреј Жерновски, информира општина Центар.

Кујната ќе се реновира комплетно за околу една недела. В четврток, Советот на општина Центар треба да донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за набавка на опрема за кујната во висина од 1.500.000 денари.

09.06.2014 - 11:49
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега