Skopje City Mall станува Sport City

 

Од 5-ти до 8-ми Јуни, Скопје Сити Мол ќе биде центарот на спортските случувања во Република Македонија. Со цел да се поттикнат граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт но и да се запознаат со спортови кои досега веројатно не ги сретнале, најголемиот мол во државата со одлична можност на граѓаните –да го одберат оној кој ним најмногу им се допаѓа и одговара, или едноставно да се запознаат со целокупната спортска историја на Република Македонија на едно место.

За деновите кога Skopje City Mall ќе биде трансформиран во Sport City се планирани најразлични спортски активности за посетителите на молот. Во прв план е најголемата поставка на активни спортски федерации некогаш реализирана во Република Македонија. На 5-ти Јуни, Повеќе од 25 спортски федерации  со свои реквизити и практична презентација на својата спортска вештина ќе бидат поставени во и околу Скопје Сити Мол. Во соработка со Агенција за млади и спорт и Сојуз на Спортски федерации на Македонија, за посетителите се озвозможи можност да се запознаат со сите спортови кои се тренираат во Македонија, нивните успеси, како и на дело да видат што значи да се тренира таеквондо, џудо, па дури и планинарско качување од највисокиот кат на молот. . Дел од настанот ќе бидат и истакнати спортисти од сите спортови кои ќе разговараат со присутните со цел истите да ги мотивираат и советуваат околу можностите кои секој спорт ги нуди.

Со цел да ги поттикнеме граѓаните да конзумираат спорт, Скопје Сити Мол реши  во текот на еден продолжен викенд да го направи целиот мол едно големо спортско игралиште”, велат од Сити Мол. Нашата цел да креираме настани кои ќе бидат атрактивни за посетителите ја продолжуваме со Sport City. Веруваме дека ова ќе е единствената прилика за граѓаните да видат какви се спортови се тренираат во Македонија и да изберат еден, со кој би се занимавале професионално или рекреативно. Битно е да почнат да размислуваат спортски”, бидејќи спортот го активира телото, но и го прочистува умот”, велат од Сити Мол притоа најавувајќи интересен остаток од викендот во Градот на спортот.

Во рамките на Sport City, секој кат од молот ќе има дел каде посетителите ќе можат да ги пробаат своите спортски способности преку еден од Предизвиците кои за нив ги подготви Крос Фит Скопје. Истите ќе бидат од натпреварувачки карактер, а победниците ќе добијат вредни награди за својот труд и спортска подготвеност. Како дополнителна забава, учесниците на овие предизвици ќе бидат фотографирани, а оние мускули со најмногу лајкови на социјалните мрежи ќе бидат прогласена за Најмускули на Скопје Сити Мол”.

 

Продолжениот викенд во Градот на спорот во Скопје Сити Мол е уникатен начин да се слави спортот, но и да се оддаде внимание на сите спортски успеси во различни спортски дисциплини, кои Република Македонија несомнено ги поседува. Конечно, вреди да се напомене дека целокупниот настан ќе биде проследен со попусти во спортските продавници, како би се комплетирала трансформацијата на Скопје Сити Мол во едно комплетно ново спортско издание, различно од се што е досега видено во Македонија. 

04.06.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега