Од понеделник децата се враќаат во градинката „Корчагин“ која беше поплавена

 

Од понеделник децата од поплавената градинка „Раде Јовчевски – Корчагин“ во општина Центар повторно ќе бидат згрижени во оваа установа.  

Општина Центар информира дека од денеска почнуваат со санирање на плочките. Во четврток епидемиолошките служби ќе ги соопштат резултатите од земениот брис кои ќе покажат дали е воопшто можно сместување на децата, додека резултатите од проверките за безбедност на храна ќе бидат објавени за еден месец.

Средствата за санацијата ќе бидат обезбедени со итните измени во буџетот на општина Центар на првата наредна седница на Советот.

 

03.06.2014 - 13:58
Фото: 
илинден.гов
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега