Општина Центар: Еве кои документи ви се потребни за да добиете 3.000 денари при купување велосипед
Општина Центар од 02.06.2014 (понеделник) ја спроведува Одлуката за субвенција од 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.
Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед започнувајќи од 2-ри јуни, потребно е да ги достави следниве документи:
-
Барање за субвенционирање за купен велосипед,
-
Копија од лична карта,
-
Копија од трансакциска сметка,
-
Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар, барака 6, почнувајќи од денот на влегување во сила на Одлуката за субвенционирање на граѓаните на Општина Центар при купување на велосипед, односно од 02.06.2014 година. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.
Правото на субвенција е еднократно.
За првите 5 кои ќе поднесат барање, следува пригоден подарок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа