Внимавајте: Крлежите почнаа да напаѓаат

Топлото време ги наезди крлежите. Само во текот на месец мај на Клиниката за инфективната болести помош побарале 111 граѓани каснати од крлеж.
-Дадени им се совети како понатаму, со оглед на тоа што дел од инфекциите не се јавуваат веднаш по каснувањето,туку се јавуваат на што да се обрне внимание, вели д-р Добринка Наунова Јовановска од Клиниката за инфективни болести, пренесе Здравство24.мк.

Лајмска болест, хеморагични треска и воспаление на мозокот се дел од болестите кои може да се пренесат преку крлежите.Според инфектолозите не секое каснување значи и пренесување на болест:  -Многу е важно да не се вадат дома сами не стерилни средства кои може дополнително да предизвикаат друга инфекција. Понекогаш се обудуваат сами да го вадат крлежот, но главата на крлежот ќе остане и ако има инфекција тоа може да предизвика дополнителни компликации додава д-р Наунова Јовановска.

На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото. Ова се дел од препораките на лекарите за заштита од крлежи.

02.06.2014 - 09:48
Фото: 
фаланга
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега