Дојранчани утре без вода

Во Нов и Стар Дојран утре, во временскиот период од 9 до 14 часот, ќе има прекин во испораката на вода до корисниците. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради инсталирање на нови мерно-регулациски шахти со кои во иднина ќе се зголеми квалитетот на испорака на вода и ќе се избегнат дефектите кои беа честа појава во изминатиот период.

 

- Со поставувањето на овие шахти во општина Дојран ќе се постигне регулирање на водата во цевководот, потрошувачката и притисокот на водата со што ќе се избегнат и дефектите кои до сега се јавуваа поради немањето вода на територијата на цела општина,особено во летниот период, изјави Никола Лазаров, директор на ЈПКД „Комуналец-Полин“.

 

01.06.2014 - 13:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега