ФОТО: Тоа е нашето Скопје - врз зграда од пред земјотресот во 63та прави кат и поткровје
Зградата бр.85 на бул. Партизански Одреди, оштетена и никогаш не санирана за време на земјотресот од 1963, се надградува со кат и поткровје, иако инвеститорот добил одобрение за надградба само за поткровје, пишуа наш читател кој ни ја испрати оваа фотографија. Тој вели дека општинските власти во Карпош не реагираат, а се сомнева и на можна корупција.
„Не се почитува и Деталниот Урбанистички План со кој не се дозволува излегување од габаритот на зградата и инвеститорот на сите четири страни излегува над два метри од габаритот. Инспекциските служби на Општина Карпош одбиваат да интервенираат и да ја урнат дивоградбата и покрај укажувањата дека постои опасност од загрозување на безбедноста, а веќе има оштетувања во неколку станови од погорните катови. При проверка на документацијата утврдени се неправилности, некомплетна документација, фалсификување на потписи на станарите, необезбеден паркинг простор за новите станови. Пред десетина години доградени се тераси кои сеуште не се легализирани, со што е прекршен Законот за Градење, односно издадено е одобрение за градење врз дивоградби, од страна на потписниците на одобрението“ вели нашиот читател
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа