Секој трет човек во светот е дебел
Скоро третина од светското население денеска има прекумерна тежина, а ниту една земја не успеа да ја намали стапката на дебелина во последните три децении, покажа истражувањето објавено во медицинскиот магазин Lancet.
Тој извештај, составен на основа на 1.700 истражувачи од 188 земји во светот, спроведено од 1980 до 2013, покажа дека две милијарди луѓе ширум светот денеска се прекумерно тешки или дебели.
Најголемата стапка на прекумерна тежина е на Блискиот исток и во Северна Африка, каде скоро 60% мажи и 65% жени имаат проблеми со тежината. Во САД живеат 13% од вкупната светска популација на дебели луѓе, што е процентуално повеќе отколку во било која друга земја. Во Кина и Индија зедно живеат околу 15% дебело население од светот.
„Тоа се многу суморни факти“, рече научникот Кристофер Мареј од Универзитетот воВашингтон, кој го водеше истражувањето.
„Кога сфативме дека ниту една земја во светот не забележала значајно опаѓање на стапката на дебелина, тоа ни покажа колку е тоа голем предизвик“, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа