Од понеделник гага паркинг во скопско Дебар Маало - Жерновски сака војна
Од поенделник паркингот во скопско Дебар Маало ќе биде бесплатен. Градот Скопје ја информирал општина Центар дека поради некомлетирана документација не може да стопанисува со паркинг местата во овој дел на градот и побарал сами да ја отстранат сигнализацијата. Доколку не го сторат тоа, инспекторите на Град Скопје во понеделник ќе ги избришат линиите кои ги обележуваат апркинг местата.
Жерновски денеска на прес конференција се закани. Ако сакате војна ќе добиете војна
“Досега одбегнувавме војна, но доколку ја реализираат намерата да ги уништат паркинзите во Центар, тогаш градоначалникот на Скопје ќе мора да ги плати комуналните такси од неколку милиони евра затоа што наплаќале на улиците кои се под ингеренции на општина Центар. Коце Трајановски нека ги спреми парите, затоа што законите мора да функционираат“, појасни Жерновски.
Град Скопје најави став на прес конфернецијата која ја закажа за во 13:30 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа