Шест дена нема трага од рибарот кој исчезна на Козјак - семејството скршено од тага

Шест ноќи и шест дена нема ниту трага ниту глас од рибарот кој исчезна на Козјак. Семејството Котески од Скопје коа моли за помош е скршено од тага и болка, откако рибарот Стеван исчезна во неделата додека пловел со чамецот по езерото.

51-годишниот скопјанец се уживал во риболовот цели 30 години. Неговата сопруга Ленче нагласува дека ден пред да замине на Козјак, Стево бил малку нервозен оти во Скопје врнело и грмело, а неговиот син и пријателот биле на езерото на риба, па им се јавил и им најавил дека следниот ден и тој ќе дојде да им се придружи.

 - Околу 2.30 часот пристигнал на браната и ги започнал подготовките. Ги внел сите рибарски алатки во чамецот, ја ставил на глава капата и тргнал. Никогаш на риба не заминал без капа. На само пет минути пловидба со чамецот од местото каде што беше нашиот син, исчезна Стево. Во чамецот останало сè што носеше, дури и отвореното шише со сок. Полицајците ни рекоа дека ако се удавил во езерото први ќе испливаат капата или цигарите кои ги имаше. Но, веќе шест дена минаа, а од него ниту трага ниту глас. Не знам што се случува и зошто уште ништо не знаеме за Стево. Вчера полициските нуркачи проверувале до длабочина од седум метри, а подлабоко од тоа не се гледало, вели сопругата на Котески за Плусинфо.

Семејството моли за помош и апелира сите кои ќе го видат Стеван да ја известат полицијата. Тој е висок 165 сантриметри, има бела брада и мустаќи. 

30.05.2014 - 12:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега