Сеизмометри регистрираат тектонски движења кај вулканот Косел во Охрид

За да се исклучат какви било можности од создавање непотребна паника кај населението за некаква активност на сулфатарата „Дувало“ кај Косел, синоќа на теренот беа поставени сеизмометри, што ќе ја следат состојбата со евентуални тектонски движења.

Експерти на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-матемаричкиот факултет во Скопје и на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија појаснуваат дека поставената апаратура ќе регистрира и најмали придвижувања во земјината кора, и во истиот момент се што се случува на теренот ќе биде проследено до Сеизмичката опсерваторија во Скопје.

Според професор-доктор Драгана Черних од Сеизмолошката опсерваторија, ќе биде регистрирана и минимална сеизмичка активност од сеизмометрите затоа што апаратите се поставени непосредно до вулканот, така што ќе бидат регистрирани и најмали земјотреси чија магнитуда е блиску до нулата.

Она што го истакна Черних е дека нема никакви наговестувања на зголемена сеизмична активност на теренот. Портпаролот на Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија Мите Димевски, нагласи дека сеизмолошката апаратура се поставува превентивно за да се исклучи каква било опасност

30.05.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега