Меѓународен ден за борба против пушењето

Зголемете ги даноците, намалете ги смртните случаи и болестите, e мотото  со кое годинава се одбележува Светскиот ден за борба против пушењето.

По тој повод Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Инстутутот за социјална медицина и Медицинскиот факултет во Скопје, организираат стручен состанок. Воедно ќе бидат презентирани резултати од Студијата за употребата на тутунот и тутунските прозводи кај здравствените работници во Македонија.

Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против пушењето се најавени и информативни предавања за негативните ефекти врз човековото здравје, што ќе се одржат во 18 основни и средни училишта во Гостивар, во организација на одделението за здравство на Младинскиот совет во општината

30.05.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега