Можете ли во Македонија да завршите во затвор ако ширите паника на Facebook?

Триесетдневен притвор заработија тројца срби осомничени дека ширеле паника  за време на вонредната состојба и на социјалните мрежи објавиле неточни информации за голем број жртви во поплавите. Осомничените  ќе одговараат за кривичното дело „ширење паника и неред во обид“, а доколку се докаже нивната вина, во затвор може да поминат од 6 месеци до 5 години.

Во Македонија нема закон кој го казнува ширењето паника и лажни информации преку социјалните мрежи. Правните експерти сметаат дека постои правна празнина која може да се злоупотреби и гледаат пртостор за регулирање и во македонското зајконодавство, анализира Сител.

„Се работи за сериозен проблем затоа што ширењето паника или пренесувањето лажни информации секогаш може да има штетни последици. меѓутоа во принцип нашиот законодавец уште не се впуштил во уредување на таа материја и да заклучам: би било добро во рамките на една општа одредба меѓудругото посебно да се потенцира дека ширењето на лажни информации би можело да има казнено-правен карактер“ изјави професорот по казнено право, проф. д-р Никола Тупанчевски.

Сепак експтертите предупредуваат дека при носење на ваква законска одредба потребен е јасен и недвосмислен опис и на делото и предвидената казна.

Во Македонија социјалните мрежи и интернет медиуми многу често се извор ан невистинити информации кои со светлосна брзина се шират и создаваат паника. И тука како и во соседна Србија поплавите беа погоден терен за ширење ла„ни информации. На домашната сцена случајот со убиството и протестите во Жорче петров покажаа колку лесно со лажни информации може да се запалта страстите. 

29.05.2014 - 22:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега