ФОРБС: Еве кој е најбогат Македонец

 

Ивица Тодориќ со 735 милиони евра, Миодраг Костиќ  со 520 милиони евра и Санди Чешко со 460 милиони евра ја предводат овогодишната листа на магазинот „Форбс“ на најбогати бизнисмени од регионот, пишува Јутарни лист.

“Кралот на челикот“ Минчо Јорданов, цврсто се држи на првото место на листата најбогати Македонци врз основа на пазарната капитализација на акциите што ги поседува во неколку компании, нему му се приближува Андреа Јосифовски, сопственик на енергетската компанија АД Макпетрол, пишува Јутарњи.

Состојбата во словенечкиот сектор минатата година се подобри, а на листата најбогати прв и понатаму е Санди Чешко, сопственик на најголемата компанија за телевизиска продажба во регионот Студио Модерна. Потоа следат сопружниците Албин и Татјана Добершек (274 милиони евра), основачи на Engineering Dobersek, успешни поради иновациите и патентите.

29.05.2014 - 16:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега