Сулфарата-Дувало во Косел стана медиумска атракција

По информациите кои излегоа во јавност за активација на Сулфарата – Дувало во с. Косел во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Никола Бакрачески денес го посети овај локалитет. 

-Ние во текот на вчерашниот ден после објавувањето на информации во медиумите, веднаш како Локална самоуправа ги контактиравме надлежните институции, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, а од утрово и Природно математичкиот факултет за да можеме да излеземе со информации околу актуелната состојба на Сулфатарата - Дувало. Од она што како информации вчера и во текот на денешниот ден ги добивме може да кажеме дека нема никаква причина за вознемиреност и загриженост на населението, не само во околината на Косел туку и во Охрид, изјави градоначалникот Бакрачески.

Според Љупчо Прескаков, овластен советник во Дирекцијата за заштита и спасување, потврда за тоа дека нема опасност од активација на вулканот е и тоа што не е забележана никаква сеизмичка активност.

-Познато е дека и во 2004 година имаше поголемо излевање на гас. Последната информација од ИЗИС е дека на ова подрачје не е забележана никаква сеизмичка активност. На секој вулкан, ако е навистина вулкан, би му претходела некаква сеизмичка активност. Овде немаме никаква сеизмичка активност. Се работи за едно сосема нормално за ова место, излегување на гасовите сулфур водород и јаглероден диоксид и нормално, како што се затвараат некои дупки заради дождови, лизгање на земјиштето, така гасот врши притисок и се отвораат нови дупки. Можеби и насипот на којшто сме, несреќно е одбрано местото каде се одлагал градежен шут со што се затворени природните испусти, а гасот врши притисок за да излезе надвор,додаде Прескаков.

29.05.2014 - 14:37
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега