Топузовска Каревска му кажа „Не“ на Заев: Останувам во Собранието

 

Роза Топузовска Каревска дефинитивно останува во Собранието. Информацијата таа ја потврдила во телефонски разговор за Утрински весник.

„Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија со режимот на власта. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале“, вели Топузова-Каревска

За сега, таа е единствената пратеничка која јавно му кажа „Не“ на Заев. Опозицијата во 13 часот денеска најави дека сите останати пратеници ќе поднесат оставки. Доколку се реализира оваа најава, од собраниското столче ќе се откажат 33 пратеници. 
Руфи Османи веќе си поднесе оставка а Собранието ја констатираше на претходната седница.

28.05.2014 - 10:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега