Заев: Поднесете оставки за 6 месеци ќе има нови избори
Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска околу 13:00 ќе поднесат оставка во Собранието. Како што пренесе Алфа вчера, ваквата одлука била донесена доцна попладне по средбата на “Бихаќка” на лидерите на СДСМ, ЛДП и НСДП Заев, Жерновски и Петковски.
Откако Зоран Заев и раководството на СДСМ се одлучија за повлекување од Парламентот и барање за избори кои би ги спровела некаква техничка влада, повеќето од СДСМ кои станаа пратеници на овие избори побарале од лидерот Заев да им го гарантира пратеничкото место на наредните избори, односно со сигурност истите да се најдат на листите на СДСМ.
Партиски извори за порталот Курир велат дека откако Зоран Заев првично одбил да им даде гаранции на пратениците дека ќе се најдат повторно на листи, го сменил мислењето поради жестокиот отпор и сега ги убедувал пратениците дека за 6 месеци ќе имало избори.
Убедувајќи ги вчера за оставки, партиски извори брифираат дека првиот човек на партијата им рекол на пратениците дека ќе има избори и тој што ќе поднесе оставка пак ке биде на листа, што според познавачите е ноторна лага, бидејќи ниту ќе има избори, ниту пак од Заев зависи дали ќе има избори.
Голем дел од новоизбраните пратеници се двоумеле и сметале дека потегот што се бара е премногу избрзан. Тие барале пред да се донесе конечната одлука да се свика седница на Централниот одбор, за да се добие потврда од базата. Воедно, тие се спротивставиле на барањето за оставки, сметајќи дека тоа ќе биде погубно за СДСМ но и штетно за државата, пренесе вчера Алфа.
Дел од новоизбраните пратеници сметале дека со одлуката за неприфаќање на мандатите и бојкотот на Парламентот СДСМ ќе биде посочен како главен виновник за евентуалното губење на препораката за почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на партијата по 4 години вонинституционално дејствување ќе треба да им објасни на пратениците кои сега добија доверба од граѓаните, а поради одлуката на Заев нема да седнат во Парламентот, за кого одработил и по која цена со тоа што и нанел огромна штета на државата.
Експертите посочуваат дека ваквото однесување на опозицијата е со цел да се привлече вниманието и интересот на странската јавност. Неприфаќањето на мандатите може да има несогледливи последици врз меѓународниот имиџ на државата, па дури и одземање на пет пати потврдената препорака на Европската комисија.
-Целово ова сценарио на СДСМ, одолговлекување преку правни механизми, воведување на правото и злоупотребување на правото за политички цели има за цел да ја дестабилизира политички Република Македонија со цел потоа да се седне на преговарачка маса повторно со инволвирање на странски фактор и да се дојде до некое прифатливо решение. Милам дека целата оваа вештачки исконструирана политичка криза не и е потребана на Македонија, бидеќи во неколку извештаи наназад на Европската Комисија е констатирано дека Република Македонија има функционални институции и дека има нормален демократски систем и дека се може да се решава во рамките на институциите на системот.
Познавачите сметаат дека со овој чекор СДСМ ги моли странците за помош и ги убедува да ни ја одземат препораката за ВМРО-ДПМНЕ да изгуби на внатрешен и меѓународен план. Партиски извори брифираат дека на овој начин СДСМ смета дека ќе се создаде внатрешен притисок од јавноста, но посебно од ДУИ и наредниот период ќе ја провоцираат ДУИ да излезе од владата. Ваквите информации покажуваат дека СДСМ не се потпира на довербата од народот, туку на странскиот фактор и доминантната албанска партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа