Амди Бајрам: Кој сака на свадба нека повели во Шутка имам 10.000 плескавици

 

„Минатата среда имавме ромски адети, бевме кај невестата каде таа се фарба со кна и се носат дарови, а во четвртокот имаше некои женски обичаи. Во саботата вечерта од 20:30 часот прославата беше во салата „Борис Трајковски“. Поделивме 958 покани, имавме покането амбасадори, претставници на компании, роднини и пријатели“, Амди Бајрам во изјава за Канал 5 раскажувајќи за свадбата на својот внук, која ќе трае до 10 јуни.

Тој објаснува зошто сватовите и младоженците се поклонувале пред споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скопје.

„Тоа беше моја идеја, тоа сценарио никој не го знаеше, беше кај мене во главата. Кога Александар се враќал од Индија на сите тие походи му биле потребни работници ковачи, токму тие ковачи биле Роми. Сите треба да знаат дека ние сме овде староседелци и затоа сакавме да му оддадеме почит на Александар Македонски“, вели Амди за Канал 5

Тој ги кани сите кои сакаат да дојдат на свадбата да повелат во Шутка.

 

„Кој сака нека повели во Шутка, ќе има 10 илјади плескавици, сендвичи и сокови обезбедени од Пелистерка. Јас не сум Кока Кола, јас сум Пелистерка“, заврши Бајрам.

27.05.2014 - 20:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега